Индустриското производство во март 2023-та е зголемено за 1.3%

Индустриското производство во март годинава во однос на март лани е зголемено за 1.3%. Во првите три месеци од 2023, пак, во спроредба со истиот квартал лани бележи раст од 0.1 процент, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2023 година, во однос на март 2022 година, бележи опаѓање од 11.5 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2.4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 10.1 %.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомнати на друго и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во март 2023 година, во однос на март 2022 година, бележи пораст кај Енергија за 5.5%, Капитални производи за 11.8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.0 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11.0 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 5.1 %.