Има 103 години, а 80 години зема пензија
103 години има највозрасниот корисник на Фондот за пензиско осигурување на Република Српска, а пензија прима цели 80 години.
Ова го изјавил директорот на Фондот – Младен Милиќ. Тој појаснил дека се работи за човек кој ова право го добил како дете и младо лице со попреченост.
„Од година во година имаме растечки тренд на траењето на правото на пензија, што во мигов е 17,5 години во просек за сите 273.300 корисници на пензија – што е речиси две години подолго отколку пред две десетлетија“ – додаде Милиќ.
Според него, меѓу факторите кои влијаат на тоа, се големиот напредок на медицината и лекувањето, на технологијата, условите за работа и поудобниот начин на живот.