„Има уште многу за разоткривање“: Груевски се огласи за пресудата на Јанакиески

Поранешниот премиер кој во моментот е во бегство во Унгарија, Никола Груевски преку социјалната мрежа Фејсбук ја прокоментира пресудата на судот од Стразбур за министерот за транспорт и врски во неговата влада, Миле Јанакиевски.

-Одлуката на судот во Стразбург поврзана со Миле Јанакиески околу политичкиот прогон, незаконското работење и самоволие на одредени судии, политички мотивираните случаи и репресијата на СДСМ и Заев врз судството со цел да ги елиминира политичките противници, е само почеток на разоткривањето на злостворствата што беа правени во изминатите години. Има уште многу за разоткривање, а прогонот сѐ уште трае и злосторстават течат. Актерите сѐ уште веруваат дека никој не знае што прават или барем дека нема докази за тоа, вели Груевски.