Има услови за да се сретнат Путин и Зеленски, а треба и детална подготовка

Официјална Москва засега не отфрла директен контакт помеѓу рускиот претседател – Владимир Путин и неговиот украински колега – Володимир Зеленски.

Јуриј Ушаков – помошникот на Путин во делот на надворешните работи вели дека за да се случи средбата, постојат одредени услови, и треба детална подготовка.

„Никој нема да се сретне со Зеленски без причина“ – изјави Ушаков, пренесен од „Тасс“.

Тој додаде дека Путин засега не планира средба со американскиот колега – Џо Бајден.

За руско-украинските преговори, вели  дека „сè е запрено“. Тој потсети дека последната тет-а-тет средба меѓу руските и украинските делегати беше во Истанбул, во април годинава.

Зеленски претходно кажа дека може да се сретне со Путин, но прво руските војници да се вратат на позициите кои ги имаа пред 24. февруари.