Има пораст на смртните случаи со Ковид 19 во светски рамки

СЗО во денешното соопштение наведува дека бројот на смртни случаи со коронавирус во светот изминатата недела, се зголеми за 43%, во споредба со претходната недела.

Од друга страна, пак, бројот на нови инфекции со Ковид-19 е за 14% помал.

Минатата недела регистрирани се над 10 милиони новозаразени лица, додека над 45.000 луѓе починале.

СЗО објаснува дека поголемиот пораст на бројот на смртни случаи се должи на промената на дефиницијата за смртност од Ковид-19 во Чиле и САД, како и изменетите извештаи од Индија и регионот на Југоисточна Азија.

Според СЗО, од почетокот на пандемијата, вирусот е потврден кај речиси 482 милиони луѓе, додека повеќе од 6 милиони луѓе починале.