
Премиерот Христија Мицкоски потврди дека има понуди за финансирање на изградбата на брзата пруга на Коридорт 10, за кои рокот за доставување завршува утре.
Да, има, рече Мицкоски, во гостување на ТВ Сител, порачувајќи дека пругата ни е потребна веднаш затоа што ќе останеме изолирани ако не ја изградиме и модернизираме.
Министерството за финансии има испратено барање за понуди до 24 банки за финансирање на изградба на брзата пруга на Коридорот 10.
Прашан дали ќе бидеме ослободени од царинските тарифи на САД рече дека преговорите се во тек, се водат во позитивна насока.
– Следната недела е крајниот рок кога македонската јавност ќе знае што е тоа што го добиваме од администрацијата на САД, рече Мицкоски.