„Има нешто што е поважно од функцијата“, му порача Рамадани на Мицкоски

Кандидатот за градоначалник на Брвеница од Вреди, Хаќим Рамадани, кој повика Албанците во вториот изборен круг да гласаат здружено и заедно со луѓе од ДУИ агитира во странство помеѓу иселениците, на премиерот Христијан Мицкоски му одговори дека има нешто што му е побитно од јавната функција.

„Честа, моралот и достоинството вредат повеќе од која било јавна функција. Работев 17 години во Општина Брвеница – мултиетничка општина, каде што живеат и работат граѓани од сите заедници. Сите што ме познаваат знаат кој сум и каков човек сум. Не ме интересира што велат порталите за кликови и провокации, особено Инфомакс, кој ја започна оваа провокација за пресметки во други општини.

-Важно е да бидете искрени со себе, бидејќи начинот на кој медиумите го пренесуваат тоа е нешто друго. Нема да ја дадам мојата општина за никаква цена, ќе го заштитам секој жител на мојата општина, без разлика дали е Албанец, Македонец или друг народ што живее во општина Брвеница, напиша Рамадани на Фејсбук.