Девизата „Нема правда нема мир“ пред 7-8 години гласно одекнуваше по скопските улици. Неколку години подоцна, се прашуваме дали има правда и мир. На оваа тема разговараме со Уранија Пировска, претседателка на Хелсиншки комитет и Дарко Аврамовски од „Коалиција за правично судење“.
Уранија Пировска која беше активна со Шарената револуција вели дека за разлика од пред неколку години сега има мир, но нема правда.
Има мир, но нема правда. Меѓутоа и мирот е многу релативна категорија. Може да е привиден. Затоа и очекувам да се случи немир од судиите кои се заложници на политичките партии, очекувам да илзезат и да го кажат тоа што се случува во правосудниот систем, вели Пировска.
За оваа тема зборуваме и со Дарко Аврамовски од „Коалицијата за правично судење“.
Мора да се најде начин да се зајакне индивуалната и функционална независност и одговорност на сите чинители во судството. Досега сите обиди се фокусирале кон системската независност, воспоставување на добри законски рамки, решенија итн кои би осигурале независност на оние институции и органи, но е направено многу малку за индивидуалната одговорност на чинителите во судството, вели Аврамовски.
Целото интервју може да го погледнете во продолжение.