Иман Тотич ќе не претставува на Мис Универзум 2025
Македонија годинава добива достоинствена претставничка на еден од најпрестижните светски избори за убавина – Miss Universe 2025. Иман Тотич ќе ја претставува нашата земја во ноември, на големата сцена во Тајланд. Таа е речиси непозната за македонската јавност зашто е успешен модел кој гради меѓународна кариера во Лондон, каде работи за реномирана модна куќа.

Информацијата официјално беше споделена на официјалната фејсбук страница на Мис Универзум Северна Македонија:
„Со гордост ја претставуваме Иман Тотич, нашата претставничка на Miss Universe 2025!
Овој ноември, таа ќе ја носи Македонија на светската сцена во Тајланд, со став, шарм и срце полно љубов кон својата земја.
Следете го нејзиното патување кон круната и споделете ја гордоста со нас!„