
Имамоглу: Подготвен сум да поддржам друг кандидат ако ме спречат да се кандидирам за претседател на Турција
„Дури и ако официјално ми биде забрането, демократската опозиција мора да остане обединета“, порача Имамоглу преку писмени одговори доставени од неговите советници.
Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој е во притвор веќе пет месеци по обвиненија за корупција, изјави во интервју за „Блумберг“ дека е отворен да поддржи алтернативен опозициски кандидат доколку неговата претседателска кандидатура биде блокирана.
„Дури и ако официјално ми биде забрането, демократската опозиција мора да остане обединета“, порача Имамоглу преку писмени одговори доставени од неговите советници.
Тој изрази надеж дека ќе може да учествува на изборите во 2028 година, но и дека е подготвен за долга правна битка. Според „Блумберг“, меѓу потенцијалните опозициски кандидати се лидерот на Народнорепубликанската партија, Јозгур Јозел, и градоначалникот на Анкара, Мансуp Јаваш.
Имамоглу упати и апел до меѓународната заедница да не останува пасивна кон состојбата со демократијата во Турција.