Илон Маск ќе ja интервјуира лидерка на германската десничарска партија АфД

Портпаролот на Вајдел истакна дека АфД и тимот на Маск се во редовен контакт со месеци, иако лидерката на партијата на екстремната десница и американскиот милијардер сѐ уште не се сретнале лично.

Американскиот милијардер Илон Маск ќе направи интервју со лидерката на крајнодесничарската партија „Алтернатива за Германија“ (АфД), Алис Вајдел, на 9 јануари.

Разговорот, што ќе се емитува во живо на социјалната мрежа „Икс“, ќе опфати теми како слободата на изразување и програмата на АфД за одржлива Германија, прецизираше претставник на партијата за ДПА.

Портпаролот на Вајдел истакна дека АфД и тимот на Маск се во редовен контакт со месеци, иако лидерката на партијата на екстремната десница и американскиот милијардер сѐ уште не се сретнале лично.

Два дена подоцна, Вајдел ќе биде официјално назначена за водечки кандидат на АфД за изборите на 23 февруари.