Илон Маск се предомисли- не го сака веќе Твитер и објави раскинување на договорот за купување вреден 44 милијарди долари.
Сегашната одлуката на Илон Макс може да го чини скапо – му се заканува плаќање на оштета од 1 милијарда долари. Твитер не сака да се откаже трансакцијата и планира да оди на суд.
Тајкунот не верува дека лажните сметки се помали од 5%. Акциите губат 9% на Волстрит, но Tesla добива 3%. Во прашање е казна од милијарда долари.
Илон Маск, го откажа договорот од 44 милијарди долари за преземање на Twitter, наведувајќи дека има прекршување на неколку одредби од договорот. Според писмото испратено од адвокатот на милијардерот до правниот оддел на компанијата, „Твитер не ги исполнил своите договорни обврски“ и не ги доставил „комерцијалните информации кои се бараат “.
„Понекогаш Твитер ги игнорира барањата на Маск, понекогаш ги одбиваше од причини што ни изгледаат неоправдани, а во други прилики даваше нецелосни или неупотребливи информации“, продолжува.