Илон Маск планира да наплаќа месечна претплата на сите X корисници
Сопственикот на социјалната мрежа Икс, порано позната како Твитер, Илон Ма изјави дека планира да наплати претплата за користење X на сите корисници, со цел да се бори со ботови.
Оваа идеја Маск ја претстави за време на опсежниот разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Се движиме кон мала месечна исплата за користење на системот Х“, му рекол Маск на Нетанјаху, според Variety.
Маск не кажа колку ќе ги чини корисниците на социјалната мрежа новиот план за претплата, ниту кои други функции ќе бидат вклучени во плаќањето. Тој посочи дека тоа ќе биде мала претплата.
In a livestream, Elon Musk says X is moving toward a "small" monthly subscription for all users, as it's the "only way" to combat "vast armies of bots" (@lorakolodny / CNBC)https://t.co/RCtZzzLcaC
📫Subscribe: https://t.co/OyWeKSRpIMhttps://t.co/KrXBbMXVzr
— Techmeme (@Techmeme) September 18, 2023