Илија Гечев – единствениот милијардер во Македонија
Илија Гелев,сопственикот на ИГМ Трејд од Кавадарци е еден од 100-те најбогати луѓе на балканот, според објавената листа на српскиот магазин ,,Недељник”.Неговото богатство вредно 1 милијарда 54 милиони евра, го доведе на 18-тото место на листата.
Со 2 милијарди и 270 милиони евра на 5-то место на листата е и 34-годишниот Мате Римац, иноватор и основач на Римац автомобили, компанија за производство на спортски електрични возила. Пред Римац се основачите на комуникациската Инфобип, Силвио и Роберт Кутиќ и Изабел Јелениќ со богатство од 2,5 милијарди евра, пренесува „Телма“.