Илијана Јотова: Не гледам основа за промена на бугарската позиција кон С. Македонија
„Не гледам основа и нови факти кои би ја промениле бугарската позиција кон Република Северна Македонија“. Ова го изјави потпретседателката на Бугарија – Илијана Јотова.
Според неа, „најважно е да се изготви патоказ што да се прави отсега натаму на билатерален план, дека ќе се разгледуваат нови предлози од европските партнери“.
„Бугарија ќе ја чека одлуката на Република Северна Македонија, бидејќи нејзиниот премиер поднесе оставка, и ќе се разгледаат новите предлози од европските партнери“ вели Јотова.