Илир Мета останува во затворски притвор

Специјалниот судија Ерјон Чела одлучи дека поранешниот албански претседател и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата, останува во притвор во затворот „313" во Тирана.

Специјалниот првостепен суд против корупција и организиран криминал (ЃККО) денеска одлучи да не ја менува мерката за безбедност против Илир Мета, оставајќи го „затворскиот притвор“ во сила.

Специјалниот судија Ерјон Чела одлучи дека поранешниот албански претседател и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата, останува во притвор во затворот „313″ во Тирана.

Мета побара да биде ослободен од затвор со аргумент дека „повеќе нема ризик од фалсификување на доказите” бидејќи истрагите против него се затворени и случајот е испратен на судење.

Неговото барање следуваше откако на 5 овој месец, Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал(СПАК) официјално му соопшти на Илир Мета за затворањето на истрагите и префрлањето на случајот на суд.

Мета е обвинет за корупција, перење пари и прикривање на имот, за прашања поврзани со досието за лобирање на неговата партија во САД и аферата ЦЕЗ-ДИА.

Беше уапсен на 21 октомври 2024 година и од тој момент е во притвор. Обвинувањата ги нарече политички, тврдејќи дека за нив нема кривични факти.

Мета (56) беше претседател на Албанија од 2017 до 2022 година, функција на која дојде од претседател на Парламентот. Претходно беше и министер за економија, внатрешни и надворешни работи.