Илир Мета останува во затворски притвор

Специјалниот суд за корупција и организиран криминал одлучи да ја остави непроменета безбедносната мерка „затворски притвор“ за Илир Мета, поранешен претседател на Албанија и актуелен лидер на Партијата на слободата. Тој е префрлен во затворот „313“, кој се смета за затвор со висока безбедност.

Специјалниот суд за корупција и организиран криминал одлучи да ја остави непроменета безбедносната мерка „затворски притвор“ за Илир Мета, поранешен претседател на Албанија и актуелен лидер на Партијата на слободата.

Тој е префрлен во затворот „313“, кој се смета за затвор со висока безбедност.

За неговата сопруга, Моника Круемади, Судот одлучи да ја остави во сила мерката „обврска за јавување“, како и за Ема Чоку а на Пиро Џиџо, мерката е сменета, од домашен притвор во „обврска за јавување“.

По барање на СПАК, Мета беше уапсен пред два дена, под обвинение за корупција, перење пари и прикривање имот. Истото обвинение е и за Круемади, но според образложението „кревко здравје поради неколку оперативни зафати“ таа доби мерка „обврска за јавување“.

На денешното рочиште, Мета,  упатил навредливи зборови кон првиот човек на СПАК, Алтин Думани, кој заедно со уште двајца обвинители биле во судницата.

-О Дум думан, ќе ти ги истегнам ушите. О, дум думан, о кученце на Сорос. Ме уапсивме по наредба на наркодржавата, примате наредби од Рама, тоа е прекршување на законот, обвинил меѓу другото Мета.

Круемади по излегување од судницата за медиумите рече дека „се докажало дека случајот ЧЕЗ-ДИА започнал во јануари 2018 година и дека немало никакви докази. Беше многу смешно тоа што го кажа Обвинителството. – За сите работи за кои е обвинета Моника, го носат Илир Мета во затвор. Посакував обврската за јавување да биде еднаш неделно, но тоа сега треба да го правам еднаш месечно. Ќе ме имате овде. Обвинителот рече дека ти, Моника Круемади, си имала операција, изјавила таа.

Мета (55) е е еден од најпопуларните политичари во земјата. Првпат беше избран за пратеник во 1992 година, по што беше на многу важни функции, како премиер, и претседател на парламентот. Во 2004 година, се отцепи од Социјалистичката партија и ја основа партијата Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ).

Беше шеф на државата од 28 април 2017 година до 24 јули 2022 година. По завршувањето на мандатот тој се врати во неговата матична партија, која ја преименува во Партија на слободата, која е блиска со опозициската Демократска партија на Сали Бериша, кој од 30 декември минатата година е во домашен притвор поради корупција.