Илир Мета му се заблагодари на Александар Николоски за „ставот околу неговото насилно апсење и политичките обвинувања против него“

– Искрено му се заблагодарувам на вицепремиерот на Северна Македонија, г-дин Николоски, за неговата солидарност.  Да не заборавиме дека ВМРО ДПМНЕ ја познава како никој друг „специјалната“ правда на Сорос на чело со Катица Јанева која заврши во затвор за корупција. Ниту една партија не била политички прогонувана од соросоидната правда, како ВМРО. Но, тие покажаа карактер и интегритет и еве ги денес, изјавил Мета. 

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, кој е во затворски притвор, во интервју за Syri.net,искажува голема благодарност до македонскиот вицепремиер и министер за транспорт, Александар Николовски за „ставот околу неговото насилно апсење и политичките обвинувања против него“.

– Искрено му се заблагодарувам на вицепремиерот на Северна Македонија, г-дин Николоски, за неговата солидарност.  Да не заборавиме дека ВМРО ДПМНЕ ја познава како никој друг „специјалната“ правда на Сорос на чело со Катица Јанева која заврши во затвор за корупција. Ниту една партија не била политички прогонувана од соросоидната правда, како ВМРО. Но, тие покажаа карактер и интегритет и еве ги денес, изјавил Мета.

-Значи, тие многу добро го разбираат мојот случај, бидејќи знаат како функционира соросоидната правда. Во оваа прилика, и посакувам Македонија да чекори по патот на стабилност и развој, но и на меѓуетничка хармонија, почитувајќи го Охридскиот договор, за кој работевме толку напорно во времето кога јас имав одговорност да бидам премиер на Албанија, рекол тој.

Сакам да ѝ се заблагодарам на Владата на Македонија што ги држи “своите премини отворени за нашите граѓани од Корча и Поградец до Пешкопеја, за да купуваат поевтино гориво, поевтина храна и поевтини лекови”, вели Мета.

Според него ова не е долгорочно решение, но засега е од “голема помош за стотици илјади Албанци кои се напуштени од Владата на Албанија. Решението за подобро иднина на Албанија е во програмата на Партијата за слобода: пет приоритети за четири милиони Албанци.

Мета (57) кој шеф на албанската држава беше во периодот од 24 јули 2017 до 24 јули 2022 година, беше уапсен на 21 октомври 2024 година од кога е во затворски притвор.

Тој е обвинет за корупција, перење пари и прикривање на имот, што категорично ги отфрла и ги смета за политички. Првото рочиште од судскиот процес е закажано за 27 април.