Нема ниту рекламен спот ниту музичка композиција, банери и телевизиски најави во пресрет на најголемииот државен празник одбележување на 120 години од Илинденското востание, кои требаше да ги организира Владата на премиерот Димитар Ковачевски.
Владата одвоила речиси 600 илјади евра за организација на настани по повод најголемите државни празници согласно договорот објавен на јавни набавки со продуцентската куќа Скопје Филм. Овие средства треба да бидат потрошени за органзиирање на државните празници во наредните 6 месеци. Но, колку од тие седства се одвоени за Илинден и што е направено досега, Владата со скромен одговор.
Владата на Република Северна Македонија ова година националниот празник 2-ри Август Ден на Републиката ќе го одбележи во Скопје. Воедно, Ве информираме дека во тек се подготвителните активности за организација на настанот за одбележување на празникот Илинден. Јавноста навремено ке биде информирана за сите превземени активности.
Премиерот Ковачевски оваа година за државниот празник на 2 август ќе организира церемонија на тврдината Кале, собранискиот спикер Талат Џафери ќе биде во Крушево, а македонскиот претседателот Стево Пендаровски ќе се обрати од Пелинце, а ќе оствари средба со српскиот претседател Александар Вучиќ во манастирот Прохор Пчински.
Владата со години при одбележувањето на државните празници како Илинден и 8 септември не го употребува името на државата ниту пак националните симболи. Ниту Македониум, ниту Мечкин Камен, ниту АСНОМ, а камо ли Крушевска Република.
Илинден, нашата сила за иднината! – ова беше логото на Владата минатата година. Во 2019-та паролата гласеше „Сите сме деца на Илинден“, а во 2020 „Победа за сите-Илинден“. Во 2021 та логото беше само Илинден.
Лани Ковачевски во Крушево помина со граѓански свирежи, нарачани аплаузи и над 1.000 полицајци кои го чуваа. Придружба на премиерот му правеа вицепремиерите Артан Груби и Славица Грковска и министрите Оливер Спасовски и Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Неколку седмици пред прославата, народот со недели протестираше против францускиот предлог, па за безбедност на владината делегација беа ангажирани дури 1500 полициски службеници од различни единици.