
Илиевски: Евидентно е дека се уште недостасува искуство
Кошаркарите на Северна Македонија синоќа го претрпеа и вториот пораз во претквалификациите за Светскиот куп 2027 во Катар
Кошаркарите на Северна Македонија вечерва го претрпеа и вториот пораз во претквалификациите за Светскиот куп 2027 во Катар. По денешниот пораз од Унгарија 96:58, селекторот на македонскиот тим Марјан Илиевски изјави:
– Очекував денешниот натпревар да биде малку поинаков бидејќи мислам дека овие 38 разлика се премногу во однос на квалитетот на двете репрезентации. Мислам дека нашите кошаркари премногу ги респектираа Унгарците и тука треба да се бараат причините за нашиот пораз. Одигравме добра четвртина, но противникот беше исклучително расположен за шут. Погоди 15 тројки со 40% шут од дистанца. Екипата поседува квалитет и денеска беше мошне мотивирана за победа пред своите навивачи кои дадоа голема поддршка. Задоволен сум од младите кошаркари и се надевам дека во иднина ќе играме многу подобро, но ни останува да се подобруваме, во секој поглед. Верувам дека во иднина ќе се надградуваме, а она на што треба да обрнеме внимание е дека кога резултатот оди во негатива, да не бараме брзи решенија бидејќи така само се продлабочува кризата. Јас им давам поддршка на играчите, тие даваат максимум, но евидентно е дека се уште недостасува искуство.
Македонија следниот натпревар го игра на гости против Романија, а на 20.август е домаќин на Унгарија.