ИКТ секторот лани генерирал 1,65 милијарди евра приход, вработува 24.000 лица

Согласно анализата, најбрзорастечки параметар е профитабилноста. Односно, во 2024 година, компаниите од ИКТ секторот платиле 33 милиони евра данок на добивка, што претставува скок од речиси 65 проценти во однос на претходната година.

Најновата компаративна анализа на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ покажува дека ИКТ-секторот во 2024 година генерирал 1,65 милијарди евра приход што претставува раст од 12,5 проценти во однос на 2023. Во исто време, бројот на вработени се зголемил на речиси 24.000 лица, а инвестициите во човечки капитал и бенефиции достигнале историски нивоа.

Согласно анализата, најбрзорастечки параметар е профитабилноста. Односно, во 2024 година, компаниите од ИКТ секторот платиле 33 милиони евра данок на добивка, што претставува скок од речиси 65 проценти во однос на претходната година..

Просечната месечна бруто плата во ИКТ достигнала 2.376 евра, а вкупно за плати и надоместоци се исплатени над 314 милиони евра – 18 проценти повеќе од 2023 година.

Се бележи и раст на инвестиции во „нематеријални“ бенефиции – бонуси, обуки, патувања, осигурување – со вкупен износ од 32 милиони евра.

Извозот, покажува анализата, е мотор на економската интернационализација. Со извоз на ИКТ-услуги вреден 664 милиони евра, секторот бележи раст од 20 проценти.

Целосната анализа е достапна на овој линк