„Икеа“ ги продава фабриките во Русија и Белорусија

Се продаваат фабриките и се затвораа канцелариите на компанијата „Икеа“, но и се намалува бројот на вработени во Русија и Белорусија, како резултат на руската инвазија врз Украина.

„Околностите не се подобрија, а разорната војна продолжува. Бизнисите и синџирите на снабдување во светот се силно погодени и не гледаме дека е можно да се продолжи со работа во скоро време“ – стои во денешното соопштение на Икеа.

Од компанијата соопштуваат дека малопродажниот бизнис во овие две земји ќе биде запрен, а работната сила драстично ќе се редуцира, па ќе бидат погодени многу соработници.