Израел ќе се повлече од УНХЦР

Сар тврди дека УНХРЦ се фокусирал на напад на Израел и дека телото пропагира антисемитизам наместо да ги промовира човековите права.

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар изјави дека Израел ќе се повлече од Советот за човекови права на Обединетите нации (УНХРЦ), обвинувајќи го телото за „заштита на прекршителите на човековите права“, додека, како што наведе, го „демонизира“ Израел и „пропагира антисемитизам“.

„Израел се приклучува на САД и нема да учествува во УНХРЦ“, напиша Сар на платформата Х.

Сар тврди дека УНХРЦ се фокусирал на напад на Израел и дека телото пропагира антисемитизам наместо да ги промовира човековите права.