
Израел одлучи да го отвори граничниот премин Рафах помеѓу Појасот Газа и Египет, дозволувајќи хуманитарна помош во енклавата откако Хамас ги врати телата на четири починати заложници.
Според израелската телевизија Кан, Израел ги откажал планираните мерки против Хамас, кои вклучуваа преполовување на бројот на камиони со помош на кои им е дозволено да влезат во палестинската енклава.
Хамас пред два дена ги предаде последните преостанати заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст по 738 дена во заробеништво.
Војната во Појасот Газа почна на 7 октомври 2023 година откако Хамас го нападна Израел, при што според израелски податоци 1.219 лица беа убиени, а 251 луѓе беа земени како заложници. Израел презеде офанзива, во која според палестинските здравствени власти, загинаа 67.000 луѓе.