Израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац ја осуди денеска одлуката на словенечката влада да ја признае независната палестинска држава.
Кац рече дека со таа одлука, за која е потребно одобрение од словенечкиот парламент, Хамас е „награден за убиства и силувања“.
Во изјавата, Кац рече дека овој потег го зајакнал и најголемиот непријател на Израел, Иран, и го оштетил „блиското пријателство меѓу словенечкиот и израелскиот народ“, објави Ројтерс.