Израелската војска (ИДФ) рано денеска изврши бран воздушни напади низ јужен Либан, во кои учествуваа околу 100 авиони, во, како што рече, превентивен напад против Хезболах, откако милитантната група лансираше стотици ракети и беспилотни летала врз Израел.
Во соопштението на ИДФ се вели дека Хезболах погодил цели во северниот и централниот дел на Израел и дека првичните проценки откриле „многу мала штета“, но дека армијата се уште е во состојба на готовност.
Ова е најголемиот судир меѓу Израел и Хезболах во последните 18 години, а сега е објавена и снимката од размената на оган.
Според либанските медиуми, три лица загинале во израелско гранатирање. Либанската милитантна група Хезболах соопшти дека го извршила нападот како одмазда за убиството на главниот воен командант Фуад Шакур.
We are still operating to thwart real-time threats.
IDF fighter jets have just struck additional Hezbollah launchers in several areas in southern Lebanon and a terrorist cell operating in the area of Khiam in southern Lebanon. pic.twitter.com/j6E1WNwb4d
— Israel Defense Forces (@IDF) August 25, 2024