Амбасадорот на Израел во ОН во понеделникот остро го осуди палестинското барање за членство во меѓународната организација, во време кога Советот за безбедност официјално почна да го разгледува барањето, кое има мали шанси за успех.
„Советот за безбедност моментално расправа за признавањето на „палестинско-нацистичката „држава“, остро посочи Гилад Ердан од говорницата на Генералното собрание, сметајќи дека исполнувањето на тоа барање би било „најгрозоморната награда за најгнасните злосторства. .
Самото разгледување на ова барање „веќе е победа“ за оние кои ги извршија и ги поддржаа невидените напади на Хамас врз Израел на 7 октомври, додаде тој. „Што е следно, членство на ИСИС во ОН?“, праша тој.
Тој смета дека идејата за доделување државност на Палестинците е спротивна на идејата за постигнување „трајно решение на преговарачка маса“, процес кој е закочен веќе десет години.
Израелската влада се противи на решението со две држави, за кое се залага огромното мнозинство на меѓународната заедница, вклучително и САД.
Палестинците имаат статус на „ненабљудувач“ во Обединетите нации од 2012 година. Минатата недела тие официјално го оживеаја барањето за полноправно членство во ОН од 2011 година.
Советот за безбедност се состана во понеделникот за да го започне процесот на ревизија.
За да биде успешно барањето, најпрво е потребна позитивна препорака од Советот за безбедност (најмалку 9 гласа „за“, без вето од ниту една постојана членка), како и двотретинско мнозинство од Генералното собрание.
Но, набљудувачите се сомневаат дека иницијативата ќе ја помине фазата на Советот поради позицијата на САД, кои веќе се спротивставија на пристапувањето во 2011 година.
„Нашиот став не е променет“, цврсто рече во понеделникот американскиот заменик-амбасадор Роберт Вуд, повторувајќи дека признавањето на палестинската држава мора да се направи во рамките на договорот со Израел, а не во ОН.
Минатата недела тој истакна дека САД се „ограничени од американскиот закон“ кој наложува дека финансирањето на ОН треба „да се прекине доколку Советот за безбедност одобри пристапување на палестинска држава надвор од билатералниот договор“.