Израелските медиуми јавуваат дека ракета истрелана од Газа погодила зграда во јужниот израелски град Ашкелон, пренесува Ал Џезира.
Според извештаите, неколку лица се повредени, а израелската армија објави дека пред нападот во Ашкелон се огласиле сирени за воздушен напад.
Израелската брза помош соопшти дека во нападот полесно се повредени две 60-годишни жени.
Според Ал Џезира, ова докажува дека на 60-тиот ден од војната Хамас сè уште има способност да лансира ракети, а доколку лансира доволно ракети, може да го надмине одбранбениот систем „Железна купола“, кој не е 100 отсто ефикасен.