зраелските војници навлегле подлабоко во Рафа, изјавиле очевидци во пренаселениот најјужен град во Појасот Газа.
Информацијата доаѓа во време на сè појасни знаци дека Израел се движи кон исполнување на заканите од последните недели за напад на Рафа, последниот бастион на движењето Хамас, јави ДПА.
Наводно, забележани се израелски тенкови како се движат од источните кон западните населби на градот, вклучително и населбата Џанина.
Израелските одбранбени сили сè уште не ги коментирале овие тврдења.
Сојузниците на Израел, вклучително и најголемиот поддржувач на Израел, САД, со недели ја предупредуваа еврејската држава да не почне копнена офанзива во Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од борбите во другите делови на палестинската енклава.