Израелскиот Врховен суд наложи палестинските затвореници да добиваат повеќе храна

Врховниот суд на Израел одлучи дека палестинските затвореници мора да добиваат доволно храна и нареди укинување на политиката за намалување на оброците, воведена од министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, јави ДПА повикувајќи се на локални медиуми.

Судот ја прифати петицијата на Асоцијацијата за граѓански права во Израел, која предупреди дека условите во затворите значително се влошиле по нападите на 7 октомври 2023 година и почетокот на конфликтот во Газа. Според организацијата, многу палестински затвореници, меѓу кои и учесници во нападите, се сериозно недохранети.

Бен-Гвир ја осуди одлуката, обвинувајќи го Судот дека заштитува „убијци, киднапери и силувачи“. Во објава на „Икс“ тој додаде дека заложниците кои „Хамас“ сè уште ги држи во Газа немаат никаква заштита. „Ќе продолжиме да обезбедуваме минимални услови предвидени со законот“, нагласи министерот.

И министерот за правда Јарив Левин ја критикуваше одлуката, споредувајќи ги судиите со жири во кулинарното шоу „Мастершеф“.  ДПА потсетува дека Левин е меѓу водечките фигури во напорите на владата да го ограничи влијанието на Врховниот суд.