Израелската армија ја продолжува операцијата во источниот дел на Рафа, соопшти денеска војската.
Израелските трупи продолжија да ги гаѓаат борците на Хамас на одредени локации во источниот дел на градот во јужниот дел на Појасот Газа и убиле неколку милитанти во изминатите 24 часа, се вели во извештајот, јави ДПА.
Израелските војници се уште се активни на страната Газа на граничниот премин Рафа со Египет, се вели во соопштението.
Повеќе од еден милион Палестинци бараат засолниште во Рафа, од кои половината се деца. Сепак, повеќе од 150 илјади луѓе сега избегаа од градот, стравувајќи од израелско напредување во Рафа.
Израелската армија на почетокот на неделата ја окупираше страната на Газа на преминот Рафа. Во саботата, таа ги повика Палестинците да напуштат големи делови од Рафа кон брегот на Средоземното Море, во повикот што укажува на тоа дека планира да ја прошири својата воена операција во густо населениот центар на градот, наведува ДПА.