Израелската војска ја отфрли одговорноста за смртта на цивилите, тврди – настрадале во метежот

Израелската војска ја прекина прелиминарната истрага за смртта на повеќе од 100 Палестинци, кои настрадаа покрај камионите кои носеа хуманитарна помош минатата недела и заклучи дека израелската војска не отворила оган, туку Палестинците настрадале во метежот кој настанал кога се стрчале кон камионите со храна, соопшти денеска воениот портпарол.
Палестинските власти меѓутоа велат дека израелските сили извршиле масакр, отворајќи оган на масата која се собрала во надеж дека ќе се дели храна.
„Израелската војска ја прекина прелиминарната истрага за несреќниот инцидент во кој цивили од Газа беа изгасени и ранети кога го нападнааа конвојот“, изјави денеска израелскиот воен портпарол, адмиралот Даниел Хангари.
Тој додаде дека во истрагата се користени информации собрани од командантите и силите на терен и дека е заклучено дека немало израелски напад во правец на конвојот за помош.

Во военото соопштение е наведено дека се испукани „истрели за предупредување“ да се растера масата луѓе и кога војниците почнаа да се повлекуваат им пријдоа неколку крадци кои претставувале непосредна закана за нив.

Војниците одговорија со пукање во неколку лица, се додава во соопштението.

Тој извештај е во целосна согласност со тврдењата на здравствените лица во Газа кои минатата недела изјавија дека најмалку 112 лица се убиени и стотици се ранети кога израелсктие сили отвориле оган на цивилите, на местото каде што се делела помош.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека тоа беше „ужасен масакр кој го изведе израелската окупациска војска на луѓето кои ги чекаа камионмите за помош, на кружниот тек во Набулси, пренесоа агенциите.
Министерството за надворешни работи на Франција оцени дека е „неоправдано отворен оган од страна на израелските војници на цивили кои се обидуваат да дојдат до храна“.
Советот за безбедност на ОН во саботата изрази длабока загриженост поради недостигот на храна во Газа и повика на непречена испорака на хуманитарна помош.
Според најновите податоци на Хамас, убиени се 118, а ранети се 760 луѓе во оваа трагедија според Франс прес.
Со тоа тимот на ОН констатираше дека голем број на настраданите имаат рани од огнено оружје.
Израелскиот воен портпарол Хагари, меѓутоа, вели дека нема основа за тврдењето дека израелските војнции го нападнале конвојот и намерно гаѓале во палестинските цивили.