Израелската војска тврди дека десетици милитанти се убиени во Газа во последните 24 часа

Израелската армија денеска соопшти дека нејзини припадници убиле десетици палестински милитанти низ појасот Газа во последните 24 часа.

Во градот Кан Јунис, на југот од палестинската енклава, каде што се водеа најтешките борби во последните недели, израелските одбранбени сили (ИДФ) наведуваат дека во последните 24 часа биле убиени „десетици терористи“ во воздушни напади и директни битки, пренесува Тајмс оф Израел.

Израелските војници пронајдоа и складишта за оружје, вклучително и јуришни и снајперски пушки, гранати и муниција.

Во соопштението се вели дека во центарот на Газа војниците од бригадата Нахал забележале пет милитанти, а потоа повикале воздушни и поморски сили да нападнат и елиминираат членови на Хамас.