Израелската армија убила повеќе од 200 терористички оперативци за време на операциите предводени од 162-та дивизија во изминатите недели во областа Тел Султан во Рафах, јужно од Појасот Газа, соопштија денеска израелските вооружени сили (ИДФ).
Армијата соопшти дека открила и десетици оружја скриени во куќите во областа, објави „Тајмс оф Израел“.
Во еден инцидент, војниците ја пребарале зградата каде што се судриле со вооружен напаѓач, а во нејзиниот подрум пронашле скриено оружје и залихи што ги користеле терористите, соопшти ИД.
Повеќе од десетина ракетни фрлачи со долг дострел се лоцирани и во областа Тел Султан, додаде војската. Во меѓувреме, Министерството за здравство на Газа соопшти дека бројот на убиени Палестинци откако Хамас го започна нападот врз Израел на 7 октомври минатата година, сега изнесува 40.861.
Оваа бројка не може да биде независно потврдена и вклучува повеќе од 17.000 членови на Хамас за кои Израел вели дека ги убил во борбите, пишува The Times of Israel.
Според израелските податоци, од 7 октомври досега се убиени околу 1.000 терористи.