Изненадување на Евровизија – Кејт Мидлтон свирејќи на клавир настапи во финалето

Синоќешната финална вечер на Евровизија ја отвори програмата „Гласови на новата генерација“ при што ја слушнавме минатогодишната победничка песна „Stefania“, како и новиот сингл на украинскиот бенд „Калуш оркестра“ – „Changes“.

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон учествуваше во воведната секвенца на долгоочекуваното финале на Евровизија и ја воодушеви јавноста со своето појавување. За големото финале, принцезата од Велс им се придружи на мноштвото изведувачи за воведниот дел.

Во него се појавуваат минатогодишните шампиони, украинскиот бенд „Калуш оркестра“, кои ја изведуваат својата победничка песна „Stefania“ од метро станицата Плоштад на независноста во срцето на Киев, Украина.

Кејт изгледа прекрасно во кралско сина тоалета со едно откриено рамо додека свири на пијано. Принцезата во оваа прилика уште еднаш на светот му покажа зошто е достојна за кралското семејство, како и дека е подготвена да се снајде во секоја прилика.

Не е првпат Кејт да свири клавир на јавен настан – во декември 2021 година, таа учествуваше на божиќен концерт и го придружуваше пејачот Том Вокер на клавир во песната „For Those Who Can’t Be Here“ посветена на оние кои починале од ковид.