Изненадување во Мајами: Димитров со фантастична игра го прегази Алкараз!

Карлос Алкараз го заврши својот настап на турнирот во Мајами откако беше елиминиран oд Григор Димитров со 2:0 во сетови, 6:2, 6:4.

Бугарскиот тенисер со одлична игра го изненади Шпанецот и му дозволи да освои само шест гема во 94 минути игра (6:2, 6:4). Наредниот противник на Димитров ќе биде Александар Зверев кој ја оправда фаворитската улога против Фабијан Марошан (6:3, 7:5).

Во првиот сет Димитров направи брејк уште при првиот сервис на Алкараз и поведе со 3:0, а потоа во последниот гем направи уште еден брејк за убедливи 6:2.

Вториот сет донесе повторно слична ситуација, поведе Димитров по одземениот сервис со 3:1, можеше веднаш да дојде и до нов брејк, меѓутоа чекаше до 10-тиот кога беше 6:4 за конечни 2:0.

Оваа победа за Димитиров е само потврда за добрата форма во која игра во 2024 година во која има скор од 19 победи и само четири порази.