
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се евидентирани вкупно 38 пожари на отворен простор од кои три се активни, пет се под контрола, а изгасени се 30 пожари, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) во својот утрински извештај.
Активни се пожарите кај дојранското село Николиќ каде што гори нискостеблеста шума, кај селото Џидимирци во Велешко, каде што е зафатена мешана шума и помеѓу селата Црешнево, Крапа и Локвица во Општина Македонски Брод каде што се опожарени деградирана дабова шума и грмушки.
Под контрола се пет пожари и тоа – шумскиот пожар кај селата Блаце и Горњани во Општина Чучер Сандево, пожарот на депониите во селата Црнилиште и Дебреште во Долнени и двата пожари на потегот на селото Слатина во Општина Македонски Брод, каде што е зафатена мешана шума.
Во текот на изминатото деноноќие се изгаснати 30 пожари и тоа:
Чучер Сандево – црква Св. Троица (ниска вегетација)
Сопиште – с. Света Петка (ниска вегетација)
Ѓорче Петров – с. Орман (ниска вегетација)
Карпош – ул. Скупи (ѓубре)
Битола – кај црква Св. Јован (ниска вегетација)
Прилеп – с. Бешиште, Бешишки Рид (мешана шума)
Ресен – с. Перово (овоштарник)
Ресен – с. Избиште (ниска вегетација)
Демир Хисар – с. Кутретино (ѓубре)
Струмица – с. Банско (ѓубре)
Струмица – с. Куклиш – с. Муртино (депонија)
Босилово – с. Иловица (гранки)
Босилово – с. Старо Балдовци (ниска вегетација)
Василево – с. Владевци (гранки и ниска вегетација)
Гевгелија – с. Прдејци (вегетација, отпад, дрва)
Радовиш – с. Ињево (ниска вегетација)
Македонски Брод – с. Белица (нискостеблеста шума)
Македонски Брод – с. Рамне – с. Ковче (пожар од фабрика Самоков)
Велес – ул. Јордан Џурнов (ниска вегетација)
Чашка – под Солунска Глава (само чад, шумски пожар)
Кавадарци – ул. Црноречка (ниска вегетација)
Свети Николе – с. Делисинци (куќа и вегетација)
Куманово – хотел Куба, Преовце (ниска вегетација)
Куманово – с. Лопате (крај пруга)
Куманово – Умин Дол (стрниште и вегетација)
Куманово – ул. Октомвриска револуција (вегетација и отпад)
Старо Нагоричане – с. Никуљане (мешана шума)
Старо Нагоричане – с. Руѓинце (ниска вегетација)
Крива Паланка – м.в. Бегови Бавчи (ниска вегетација)
Теарце – с. Непроштено (ниска вегетација)