Измамена 86-годишна скопјанка за 10 000 евра, и кажале дека ќерка и направила сообраќајка во Црна Гора

МВР информира дека вчера попладне во 15.20 часот во СВР Скопје, 86 – годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 евра.

Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа со смртни последици и дека е потребно да плати за да ја ослободат од полиција во Црна Гора.

Како што е пријавено, таа ги подигнала парите од банка и ги оставила на местото каде што ѝ кажало лицето.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.