Новата изложба на скулпторот Жарко Башески, насловена „Ecce Homo Macedonicus: Осмо Светско Чудо“ ќе се одржи на 12 август 2024 година со почеток во 20:00 часот, во Научниот уметнички центар „Куќата на Уранија“ при МАНУ (Охрид).
Изложбата која ќе трае до 27 август претставува дел од годинешната програма на МАНУ ќе вклучува десетина веќе познати дела на авторот, но и презентација на сосема нов концептуален проект, грандиозен објект во големи димензии, изработен од бронза и челик.
Идејата е долги години развивана заедно со проф. Јордан Плевнеш, познат писател од светски рамки и автор на најкраткиот роман во светската историја „Осмото светско чудо”, колевка на цивилизацијата.
Проектот „Ecce Homo Macedonicus Осмо Светско Чудо“, во основа ја претставува формата на веќе добро познатата скулптура „Ordinary Man“ на Башески, но овојпат во поинаков материјал. Изборот на материјали за изградба на овој проект, како и конкретната форма на „Ordinary man“, тесно се поврзува со концептот на авторот.