
Изложба „Студентска графика – Драгутин Аврамовски – Гуте“ во Сули ан
Во Сули ан вечер по 38. пат ќе се организира традиционалната изложба на студентска графика – Драгутин Аврамовски – Гуте, во организација на Факултетот за ликовни уметности – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Во Сули ан вечер по 38. пат ќе се организира традиционалната изложба на студентска графика – Драгутин Аврамовски – Гуте, во организација на Факултетот за ликовни уметности – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Изложбата е во соработка со Катедрата по графика и трансмедиумски практики и Фондацијата „Драгутин Аврамовски – Гуте“.
-Оваа изложба претставува значаен настан во академскиот и уметничкиот календар, кој континуирано, веќе речиси четири децении, го негува студентскиот креативен израз во областа на графиката. На изложбата учествуваат студенти од сите студиски години на прв и втор циклус студии на Катедрата по графика и трансмедиумски практики, се вели во соопштението за изложбата.
Како што е најавено, на отворањето ќе биде доделена наградата за најуспешно графичко дело реализирано во академската 2024/2025 година, која традиционално ја доделува Фондацијата „Драгутин Аврамовски – Гуте“.
Наградата вклучува диплома, еднократна парична награда и можност за самостојна изложба во една од галериите на ФЛУ во текот на следната академска година. Покрај главната награда, се доделуваат и втора и трета награда.
Изложбата, во чест на професорот и основач на Катедрата, Драгутин Аврамовски – Гуте, се одржува од 1988 година.