Изложба на фотографии „Секојдневен живот“ на Центарот за култура на турската заедница

Изложба на фотографии „Секојдневен живот“ во организација на Национална установа Центар за култура на турската заедница во Република Северна Македонија – Скопје, ќе биде отворена вечер со почеток во 19:00 часот, во Музејот на град Скопје.

На изложбата ќе бидат претставени 60 фотографии од три локални аматерски фотографи, по 20 дела од секој автор. Преку објективот на авторите, публиката ќе има можност да ја доживее убавината на обичните моменти од секојдневието, пренесени со искреност и естетика.

Целта на изложбата е да се поддржат локалните уметници и да се зајакне културната размена и поврзаност во заедницата. Настанот е отворен за сите љубители на фотографијата и културата.

Изложбата е реализирана со поддршка на Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија и е дел од Годишната програма на Националната установа за 2025 година.

Изложбата ќе биде отворена за посетители од денеска до 19 јуни 2025 година.