
Изложба „Лица“ на академскиот скулптор Ангел Коруновски
Во Мултимедијалниот центар Мала станица вечер ќе биде отворена изложба „Лица“ на академскиот скулптор Ангел Коруовски.
Во Мултимедијалниот центар Мала станица вечер ќе биде отворена изложбата „Лица“ на академскиот скулптор Ангел Коруовски.
Националната галерија информира дека оваа серија на дела насловени „Лица“ е инспирирана од невидливото – анонимните, занемарените и замолчените поединци кои се движат низ сложеноста на глобализираниот и наметнато корумпиран свет. Преку синтеза на колаж, гест, акција и апстракција, појаснуваат, овие дела даваат визуелна форма на човечкото присуство кое постои под површината на модерната бучава. Секој портрет произлегува од слоеви на искинати весници – фрагменти од масовни медиуми кои го претставуваат огромниот тек на глобални информации. Самите материјали, некогаш носители на јавна вистина, се пренаменети во интимни, лични наративи. Експресивните ознаки и дамки стануваат траги од емоции, отпор и преживување во рамките на системи кои постојано ја бришат индивидуалноста.

– Лицата се нецелосни, фрагментирани и делумно замаглени – отсликувајќи ја состојбата на оние кои се борат да останат видливи во свет кој ја мери вредноста преку потрошувачка и конформизам. Во оваа тензија помеѓу препознавањето и исчезнувањето, делата го поставуваат прашањето што значи да се биде човек во ера во која идентитетот е посредуван од моќ, економија и спектакл. На крајот на краиштата, овие дела се чин на емпатија и бунт – визуелно сведоштво за луѓе кои искрено се обидуваат да живеат, да останат луѓе, среде корупција и хаос. Тие стојат како сведоци на тивко достоинство, потсетувајќи нè дека зад секој фрагмент од вестите и зад секој глобален наратив, постои вистинско лице, вистински живот и невидена вистина под површината на модерната бучава, се посочува во најавата за изложбата.
Изложбата, чиј куратор е Горанчо Ѓоргиевски, ќе биде поставена во текот на новогодишните празници и ќе го исполни календарскиот програмски простор во јануари 2026.
Ангел Коруновски завршил Државно средно училиште за применета уметност „Лазар Личеноски“ – Скопје, отсек: Скулптура, во 1998 година, а во 2003-та дипломирал на Факултет за ликовни уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, каде во 2012 завршил постдипломски студии на тема: Патот на цртежот до современата фигурација.
Самостојни изложби:
2002 Скопје, Гимназија „Корчагин“ – Македонија
2003 Велес, Народен Театар „ЈХК Џинот“ – Македонија
2004 Велес, Музеј – куќата на „ЈХК Џинот – Македонија
2005 Скопје, Галерија КИЦ – Скопје – Македонија
2005 Куманово, Галерија – Дом на Културата – Македонија
2016 Будва, стар град санта марија „Предели 2016“ – Црна Гора
2016 „Рефлексии на херметичноста“ – Велес – Македонија
2017 „Рефлексии на херметичноста“ – Скопје, МКЦ – Македонија
2017 „Рефлексии на херметичноста“ – Кавадарци, Дом на култура – Македонија
2020 „Хаотичниот космос“ – Берлин, Prima center – Германија
2020 „Дестилација“ – Скопје, Галерија „Ко-Ра“ – Македонија
2021 „Симбиотикс“ – Скопје, МКЦ – Македонија
2021 „Дестилација“ – Велес, Ликовен салон – Македонија
2021 „Почеток на почетокот“ НУЦК „Марко Цепенков“, Прилеп – Македонија
2021 „Почеток на почетокот“ Велес, Ликовен салон – Македонија
2022 „Симбиотикс“ – Велес, Ликовен салон – Македонија
2024 „Реинвенција на реалноста“-Куманово, Уметничка галерија Куманово – Македонија
2024 „Летаргија“ – Скопје, Музеј на град Скопје – Македонија
2024 „Летаргија“ – Богданци, ЈОУДК „Бранд Петрушев“- Македонија
2024 „Мостови Ниш – Скопје“ галерија на Универзитет Ниш – Србија
2025 „Реинвенција на реалноста“ – Национална установа Центар за култура „Бели Мугри“ Кочани – Македонија
2025 „Летаргија“ – Велес, Театар Јордан Хаџи Константинов – Џинот – Македонија
2025 „Група 3“- Битола, Магаза – Македонија
2025 „Група 3“- Скопје, МКЦ – Македонија
2025 „Lethargy“ – Њујорк, MC gallery – САД.