
До 13 часот излезеноста 19,96 проценти, за Скопје 15,28 отсто
Во првиот круг до 13 часот излезеноста била 20,12 отсто, а за Скопје 20,07 проценти.
До 13 часот излезеноста за локалните избори во земјава е 19,96 проценти, а за Скопје 15,28 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Како што информира портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, на ниво на државата гласале 134 124 лица според податоците од 1 279 избирачки места или 93,15 отсто, додека за Скопје гласале 71 849 лица, а податоци се пристигнати од 678 избирачки места или 98,98 отсто.
Досега не се пристигнати пријави за какви било неправилности и нерегуларности, а за претставки за нарушување на изборниот молк има само информации по кои, истакна Тодоровска Алексовска, постапуват надлежните институции.
-До ДИК се стигнати само информации, во однос на тоа прашање постпауваат надлежните институци, се што треба во однос на ова ДИК би информирала до крајот на денот, истакна портпаролката на прес-конференција.
Таа соопшти и дека ДИК во 14 часот ќе одржи јавна седница на која ќе се разгледуваат приговори, како и информации за постапката за набљудување на изборите.
-До 13 часот одѕивот во Боговиње е 16,02, Брвеница 29,73, Валандово 25,67, Виница 23,16, Дебар 15,32, Дебарца 26,54, Демир Капија 34,21, Дојран 31,21, Долнени 20,81, Зрновци 27, Кичево 29,37, Конче 28,30, Кочани 18,46, Крушево 34,86, Куманово 13,34, Лозово 34,54, Македонска Каменица 24,64, Македонски Брод 24,99, Могила 18,13, Неготино 24,17, Пробиштип 36,66, Ранковце 31,41, Росоман 27,10, Струга 16,77, Студеничани 16,74, Тетово 19,31, Чешиново-Облешево 27,93 и Чучер Сандево 29,55 проценти. Во скопските општини излезеноста е во Аеродром 19,21 отсто, Бутел 13,30, Гази Баба 14,24, Ѓорче Петров 15,92, Карпош 22,14, Кисела Вода 19,57, Сарај 3,58, Центар 21,58, Чаир 5,34 и Шуто Оризари 12,78 проценти. Најголема излезеност за градоначалник на Скопје има во Карпош, Центар и Кисела Вода, а најмала во Сарај и Чаир, истакна Тодоровска Алексовска.
Во првиот круг до 13 часот излезеноста била 20,12 отсто, а за Скопје 20,07 проценти.