Излезноста во Центар Жупа до 11 часот 14 отсто

Во општина Центар Жупа, каде денеска се спроведуваат втори повторени избори за градоначалник, до 11 часот правото на глас го оствариле 1.035 лица или 14 отсто, од вкупно 7154 запишани избирачи. 

-Излезноста постепено се зголемува, што е вообичаено за секои избори. До 9 часот имавме 5,69 отсто излезност додека два часа подоцна излезноста е 14  отсто. Во сите 16 гласачки места изборниот процес минува без проблеми, рече Неџип Илјаз, претседател на општинската изборна комисија.  

Споредено со повторените избори на 17 април, кога до 11 частот правото на глас го остварија 593 лица или 8,38 отсто денеска излезноста е поголема за 5,62 отсто. 

Вчера правото на глас во оваа општина го искористија 29 болни и немоќни лица.