Излезе од затвор човекот кој ги даде клучевите од Собранието на 27 април, го пречека Зијадин Села

По шест години поминати во затвор затоа што ги даде клучевите од Собранието на 27-ми април, денеска од затворот во Скопје излезе Абдилфета Алими.

Пред затворот дојдоа негови пријатели и роднини за да го пречекаат. Меѓунив беше и поранешниот лидер на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.

Aлими на крвавиот четврток му го спаси животот на Села кој речиси до смрт беше претепан од толпата која влезе во Парламентот. Фета го одвлечкал онесвестениот Села во просторија во Собранието и тука го криел блокирајки ја вратата со маса.

Бил цело време со Села додека не се создале услови да му помогнат медицински лица на претепаниот пратеник.

Алими заврши во затвор затоа што како собраниски обезбедувач ги имал во себе клучевите од собраниската врата кои кога толпата нагрнала, ги дал за вратата да биде отворена и потоа започна крвавиот пир.

„Во добра здравствена состојба сум, им благодарам на моето семејство, на моите соселани, на сите Албанци за поддршката, особено на мојот пријател Зијадин Села кој во секој момент ми го вардеше грбот. Ви благодарам вам и на медиумите што ме поддржувате. Слободата е скапа, тука поминав многу време. Годините овде не беа лесни, но со божја помош ги минав“ – рече Алими по излегувањето од затвор.