Импровизирана автомеханичарска работилница денеска изгореча до темел во скопската населба Лисиче, изјави командантот на ППЗ на Град Скопје – Звонко Томевски.
Тој рече дека на терен биле испратени две противпожарни возила и седум пожарникари.
– Добивме пријава дека избувнал пожар во една импровизирана автомеханичарска работилница во скопската населба Лисиче. Веднаш беа испратени две возила и седум пожарникари, па пожарот е веќе изгаснат. Според првичните проценки, направена е голема материјална штета. Изгорено е едно возило, а огнот зафатил и огревно дрво. Повредени лица нема – изјави Томевски.