Изгореа четири куќи во Злокуќани

По пријавата, Министерството за внатрешни работи, преку Дежурно-оперативниот центар на Центарот за управување со кризи (ЦУК), побарало итно исклучување на електричната енергија во нисконапонската мрежа, со цел да се овозможи безбедна интервенција на екипите од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ).

Синоќа, во 20.02 часот, преку системот за итни повици Е-112 бил пријавен пожар во куќа на улицата „Скупи“ во Злокуќани.

По пријавата, Министерството за внатрешни работи, преку Дежурно-оперативниот центар на Центарот за управување со кризи (ЦУК), побарало итно исклучување на електричната енергија во нисконапонската мрежа, со цел да се овозможи безбедна интервенција на екипите од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ).

Според првични и неофицијални информации, освен првично зафатената куќа, пожарот се проширил и на уште три соседни куќи.

Пожарникарските екипи се на терен и работат на локализирање и гаснење на огнот.

Засега нема информации за евентуални повредени лица, а причините за пожарот ќе се утврдуваат дополнително.