Изгореа четири бараки во Гостивар, осум семејства останаа на улица
Рано утринава околу 5 часот пожар пеплоса 4 бараки на улицата „Илинденска“ во Гостивар. За среќа никој не е посериозно повреден.
Очевидци раскажуваат дека огнот се појавил рано утрото и со голема брзина се раширил. Настрадаа домовите на осум семејства – најголем дел од нив се социјални случаи.
Засега се непознати причините за настанување на пожарот.