Рано утринава околу еден часот на улица „Стефан Јакимов Дедов“ во Скопје избувнал пожар во патничко возило „нисан“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Л.(38) од Скопје.
„Од пожарот делумно било зафатено и патничко возило „шкода“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Б.(45) од Скопје и бараките на ЈП „Улици и патишта“ кои биле целосно опожарени“ – информираа од МВР.
Едно од опожарените возила е сопственост на обвинителот Гаврил Бубевски.
„Не се сомневам дека јас сум бил цел на некаков напад. Јас сум добар, освен што сум уморен бидејќи цела ноќ гаснев, бидејќи сѐ гореше. Кај мојот автомобил, од задната страна почнал пожарот, па изгорело сѐ кон напред“ изјавил Бубевски, пренесе „Плусинфо“.
Тој рекол дека возилото му е осигурано.