Лицето кое пред година и пол со автомобил удри во пешаци во германскиот град Трир денеска е осуден на доживотен затвор, јави ДПА.
Пет лица загинаа кога 52-годишниот сторител со својот џип мина низ пешачка зона на 1 декември 2020 година. Меѓу жртвите имаше и двомесечно бебе и неговиот татко. Напаѓачот е обвинет по пет обвиненија за убиство со умисла и 18 точки за убиство во обид. Регионалниот суд во Трир нареди тој да биде сместен во психијатриска болница со високо обезбедување.
Според психијатрискиот извештај, мажот боледувал од параноична шизофренија.